продуктивност

Подготвени ли сме за 4-дневна работна недела?

06.09.2025 15:10

Можно ли е Македонија да стигне до скратена работна недела, каков што е трендот во европските земи? Сојузот на синдикатите е категоричен за овој концепт на работа и порачува работодавците да не се извлекуваат на ниската продуктивност која може да се зголеми со подобрување на условите за работа и современо производство. Што велат граѓаните, а што експертите?

Синдикатот и граѓаните со позитивен став, работодавците се против, а експертите анализираат за тоа дали Македонија може да има скратена работна недела. Сојузот на синдикатите децидно се залага за 35 работни часа неделно или четиридневно работно време. Бараат работодавците да ги зголемат условите за работа што ќе ја донесе посакуваната продуктивност. Стопанствениците, пак, се повикуваат токму на ниската продуктивност која не може да се носи со тој концепт.

Ниската продуктивност останува камен на сопнување.

Експертите бараат компаниите да вложат во модернизација, па и воведување вештачка интелигенција, а и за вложување во човечки потенцијал. Засега е неможна скратена работна недела.

Граѓаните со став за помало работно време.

Синдикатот не се откажува од скратена работна недела, ако се стремиме кон Европската унија.

Елизабета Митреска