Зголемени цени во угостителството
Недостигот на кадар ги зголемува цените во угостителството. Помалку работници а повисоки цени, тоа е сликата во кафулињата и кафеаните низ земјава...

Македонија ја задржа традицијата за одлив на работна сила надвор од границите, во текот на летото. Ако пред 7 години приматот го имаше Малта, сега најатрактивна е Хрватска каде летово се вработиле повеќе од 12.000 македонски работници. Најчесто работа наоѓаат во угостителство. Во Србија, Црна Гора и Грција заминале на работа околу 4.000 лица, велат од агенциите за посредување на работа.
Бродските компании имаат стратегија за задржување на работниците, со напредување во кариерата. Почетната плата е 1.000 евра, но за неколку месеци може да порасне и до четири пати повеќе.
Крузерите се луксуз за оној што ќе се вработи, бидејќи таму има сопствено сместување, храна и други бенефити. Најголем од нив е платата која може да достигне и до 4.000 евра.
Недостигот на кадар ги зголемува цените во угостителството. Сопствениците велат дека кафулињата ги полнат странските туристи. За македонските граѓани, кафето станало луксуз.
Дека цените растат потврди и државната статистика. Според последните податоци услугата е поскапена за 4,9 проценти. Зголемување е забележано кај алкохолните и безалкохолните пијалаци.
Александра Спировска
