Билатералните спорови да не се услов за преговори
Изјавата на претседателот на Европскиот совет Кошта дека е разумно да има гаранција дека уставните измени се последни, не е случајна. Во ЕУ се повеќе претставници согледуваат дека мора да има механизам билатералните спорови да не стануваат услови за преговорите, вели заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски во интервју за МРТ. Оценува дека писмото на шефот на бугарската дипломатија до ЕУ-земјите каде како провокација го оценува испитувањето на уставноста на протоколот од договорот за добрососедство е мешање во внатрешните работи...

Во ЕУ се повеќе претставници согледуваат дека мора да има механизам билатералните спорови да не стануваат услови за преговорите. Изјавата на претседателот на Европскиот совет Кошта оти е разумно да има гаранција дека уставните измени се последни, не е случајна, вели заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за МРТ.
Писмото на шефот на бугарската дипломатија до европските земји во кое наведува дека испитувањето на уставноста на протоколот од договорот за добрососедство е непотребен, за Димитровски е мешање во внатрешните работи.
Димитровски оценува дека нема потреба од нови резолуции за нашите црвени линии оти тие се јасно познати и СДСМ досега имаше можност да ги прифати.
Ирина Гелевска
