Кавадарци пулсира во ритамот на „Тиквешки гроздобер“
Бројни настани за продолжениот викенд во Кавадарци, како дел од содржините на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“. Има за сите генерации и за сечиј вкус...

Со бројни настани дел од манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, градот на грозјето Кавадарци и Тиквешијата го одбележуваат периодот на берењето грозје. Музика, забава, спортски настани, изложби, или десетина содржини, без музичките концерти е понудата на организаторот.
Манифестацијата беше отворена со гроздоберска трпеза, појадок за сите кои претпладнето дојдоа во центарот на Кавадарци. Се одржа 36-тиот кошаркарки турнир „Сестирите Китеви“ со учество на четири екипи а во чест трагично загинатите кошаркарки, кавадарчанките Елизабета и Антоанета. Беше отворена изложба на Мирослав Масин.
Тиквешкиот гроздобер не била манифестација за виното, без негова дегустација, на која како гости дојдоа посетители од Австрија, Црна Гора, Русија и Србија. Вечерва пак е Тиквешкиот карневал на кој пријавени се петстотини учесници од Црна Гора, Словенија, Хрватска, Србија Бугарија.
Петар Печков
