ЦУК

Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ ставен под контрола, повредени неколкумина пожарникари

07.09.2025 08:59

Неколкумина пожарникари се повредени при гаснењето на големиот пожар што ја зафати фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Тие откако се заглавиле во растопен шеќер, при обидот да се извлечат стапнале во смесата без обувките.

Неколкумина пожарникари се повредени при гаснењето на големиот пожар што ја зафати фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Тие откако се заглавиле во растопен шеќер, при обидот да се извлечат стапнале во смесата без обувките. Пожарот е целосно ставен под контрола. Опожарени се три линии од двата магацина, а спасени се две, информираат од дирекцијата за заштита и спасување.

Во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари од територијалните единици на Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.