Временска прогноза
Сончево и топло со температура до 34 степени
07.09.2025 09:19
Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
