Како да се заштитат шумите од потпалувачите?
Огромно шумско богатство загубивме во огнените стихии. Опасноста не е одмината, забраната за движење низ зелените појаси е пролонгирана. Како да се заштитиме?...

Македонија трпи ненадоместливи штети од шумските пожари. Само лани изгореле преку 95 000 хектари што е колку за 10 години претходно. Опасноста не е одмината, па до 30 септември е продолжена забраната за движење низ шумите. Како да се заштитиме, ако речиси сите се подметнувани?
Голема контрола на шумската полиција и МВР, присуство во средините, предупредувања, зголемена шумарска служба, констатираат надлежните.
Граѓаните бараат ригорозни казни за потпалувачите.
Едукацијата и подигнувањето на свеста мора да се спроведуваат уште од младите. Да се вклучат и планинарите.
Опасноста од пожарите е речиси преку целата година. И мерките за заштита треба да траат 12 месеци.
Елизабета Митреска
