Здравство

Службата за итна помош во Струмица се соочува со недостиг на возила и кадар

07.09.2025 15:20

Службата за итна медицинска помош во Струмица се соочува со недостиг на амбулантни возила и медицински тимови. И со редуциран капацитет одговара на потребите на граѓаните. Неодамна отвори и дежурна служба во Општина Ново село 30-тина километри од Струмица …

Службата за итна медицинска помош Струмица отвори дежурна служба во Ново Село со цел жителите од оваа погранична општина не патуваат по 40-тина километри во еден правец за итни случаи. Дежурната ќе работи од 19 до седум часот наутро а наскоро кадровски ќе се доекипира.

Службата за итна медицинска помош секојдневно има по околу стотина интервенции, што во амбуланта што како домашни посети и итни повици и случаи. Директорот Манчев вели дека недостасуваат уште медицински тимови.

Просториите на службата за итна медицинска помош и домашни посети беа целосно реновирани. Во моментов освен медицински персонал недостасуваат и амбулантни возила.

Ване Трајков