САД

Трамп му се закани на Чикаго со воена интервенција, на улиците масовни протести

07.09.2025 11:05

Изјавата дополнително ги зголеми тензиите поради намерата за распоредување трупи во градовите во САД предводени од демократите...

Претседателот Трамп се закани дека ќе го употреби новоименуваното Министерство за војна во Чикаго. Изјавата дополнително ги зголеми тензиите поради намерата за распоредување трупи во градовите во САД предводени од демократите.

На улиците во Чикаго масовни протести. Демонстрантите се противат на одлуката федералните власти да почнат голема акција за спроведување на имиграциските закони. Вчера, протести и во Вашингтон каде што се распоредени трупи на националната гарда.

Толпата побараа крај на окупацијата.