Регион

Продолжуваат протестите и блокадите во Србија

07.09.2025 13:00

По неколкудневните тензии и апсења на учениците на собирите во повеќе градови низ Србија, за утре е најавен нов масовен протест на студентите под слоганот-Индексот е посилен од палката. Вечерва на улиците најавени мирни прошетки на поддржувачите на Вучиќ што се противат на блокадите.

И денес во цела Србија продолжуваат протестите, собирите, блокадите, апсењата и тензиите меѓу власта и полицијата и студентите и граѓаните што ги поддржуваат. Продолжуваат и отпуштањата меѓу кои и денес на командантот на полициската антитерористичка единица на САЈ барање на претседателот Вучиќ.

Протести на подршка на студентите имаше и вчера ширум Србија, меѓу кои беше и Парадата на гордоста во Белград. Во Нови Сад засега се уапсени 42 лица, повредени 13 полицајци и поголем број граѓани. Студентите обвинија дека инцидентите биле режирани, а дека постапките на полицијата биле однапред испланирани, а не реакција на настаните.

Претседателот Александар Вучиќ за вечер најави масовни „фамилијарни прошетки“ на граѓани што се противат на блокадите и се залагаат за сигурност и стабилност во 120 градови со учество на над 100.000 луѓе.

За утре студентите најавија протест пред Владата, Судовите и Министерството за внатрешни работи под слоганот „Во понеделник се застанува“ и пораката дека „Индексот е посилен од пендрекот“.

Поради бруталноста на полицијата, настаните во Нови Сад во Србија се сметаат за пресвртница во деветмесечните протести, западните медиуми почнаа критички да известуваат за акциите на Вучиќ, а почнаа да стигаат и осуди од Европскиот парламент.

Оливер Бранковиќ