Земјава меѓу 5-те во Европа со најголем раст на БДП
Македонија меѓу петте европски земји со најголема стапка на раст на бруто домашниот производ. Премиерот Мицкоски на пуштањето во употреба на уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид сподели неколку позитивни економски параметри...

Државава се искачи меѓу петте европски земји со најголема стапка на раст на бруто домашниот производ. Во вториот квартал македонската економија има реален раст од 3,4%, - рече премиерот Мицкоски.
Споделувајќи ги позитивните економски параметри, премиерот потенцираше дека изминативе седум месеци извозот расте многу побргу од увозот, а со извозното ориентирање се намалува трговскиот дефицит.
„Ако минатиот квартал, првиот квартал, бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со Хрватска. Пред нас е Ирска и Кипар со 3,6%. Исто така, дозволете ми да ви информирам дека мерките на владата и активната работа којашто ја правиме изминатиот период генерираа нови 10.000 работни места“, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Денес беше пуштен во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од село Климештани до главниот туристички центар. Со ова заврши изградбата над 50% на една од најтешките делници во државата.
„Денес имаме Меѓународен аеродром „Свети Апостол Павле“ автопатски поврзан, што е огромна работа, двата аеродроми во Македонија да бидат автопатски поврзани, како би се с зголемил авиосообраќајот, на којшто многу работиме, зголеми бројот на туристи коишто доаѓаат во Македонија, на луѓе коишто сакаат да прават бизнис или на луѓе коишто едноставно сакаат да ја посетат“, изјави Александар Николоски, министер за транспорт.
„Сакам да напоменам дека ова е една од најтешките делници којашто е правена во Македонија. 02:16 Зошто е најтешка? Пореди тоа што се прави на постојан асфалт, на постојан патен премин И вториот проблем којшто беше огромен, а тоа е што поминува низ пет населени мести. Тоа се Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмолје“, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево започна во февруари 2014 година, проектот имаше бројни недостатоци и застој со години. Последниот рок за негово конечно пуштање во употреба е крајот на 2026 година.
Соња Рилковска
