Безбедност

Ѓурчевски: АНБ да не ги декласифицира документите

07.09.2025 14:24

Лавина реакции во јавноста, за аферата со следењето на јавни личности. Одзив на политичка сцена, но и меѓу експертите за безбедност. Не смее да се дозволи декласификација на документите, ако сакаме судска постапка во која на законит начин ќе се утврди дали некој незаконски следел и прислушувал, смета поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски...

Не смее да се дозволи декласификација на документите, ако сакаме судска постапка во која на законит начин ќе се утврди дали некој незаконски следел и прислушувал, смета поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски. Во анализа за МТВ тој потсети на решението што своевремено го донесе Врховниот суд, со кое т.н. бомби што ги објавуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо докази пред суд, останаа само индиции, токму поради нивното компромитирање во јавноста.

Има судии, обвинители и адвокати кои имаат сертификат да располагаат со документи класифицирани како државна тајна, вели Ѓурчевски и токму од нив се очекува да го доведат случајот до завршница.

Ѓурчевски предупредува дека со евентуално декласифицирање на документите може да се доведе тие да паднат во погрешни раце, па да бидат користени за рекет и уцени.

Анита Димитријевска – Велковска