Пронајдена дрога во домот на скопјанец, овозможувал и на друго лице да користи кокаин
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 од Кривичниот законик.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски“ во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи наркотична дрога – кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
