Македонија
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
08.09.2025 08:49
Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.

Поради државниот празник „8 Септември“ - Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.
Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.
Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи.
