САД со последно предупредување до Хамас
Трамп упатил последно предупредување до Хамас да се согласи на договор за ослободување на заложниците. Од милитантната група велат дека се подготвени да седнат на преговарачка маса.

Шефот на Белата Куќа уверува дека за брзо време ќе се постигне договор со којшто ќе се донесе мир во регионот. Трамп упатил последно предупредување до Хамас да се согласи на договор за ослободување на заложниците. Од милитантната група велат дека се подготвени да седнат на преговарачка маса.
„Мислам дека многу наскоро ќе постигнеме договор за Газа. Тоа е вистински проблем. Тоа е проблем што сакаме да го решиме за Блискиот Исток, за Израел, за сите“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Израелската војска соопшти дека срушила уште една висока зграда во Газа, кратко откако била наредена евакуација. Нетанјаху уверува дека повеќе од 100.000 Палестинци ја напуштиле Газа пред операцијата.
