СРБИЈА
Најавени нови протести во Белград и Нови Сад
08.09.2025 10:00
Изминатиов викенд во протестите беа регистрирани инциденти. Во Нови Сад се уапсени над 40 лица, повредени 13 полицајци и поголем број граѓани.

За денеска студентите најавија протест пред Владата на Србија, судовите и Министерството за внатрешни работи под слоганот „Во понеделник се застанува“ и пораката дека „Индексот е посилен од пендрекот“.
Изминатиов викенд во протестите беа регистрирани инциденти. Во Нови Сад се уапсени над 40 лица, повредени 13 полицајци и поголем број граѓани.
Студентите обвинија дека инцидентите биле режирани, а дека постапките на полицијата биле однапред испланирани, а не реакција на настаните.
