Зголемена фреквенција на возила на „Богородица“ и „Табановце“
Се бележи зголемена фреквенција на ГП Богородица за излез и ГП Табановце за влез во државата, времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
Се бележи зголемена фреквенција на ГП Богородица за излез и ГП Табановце за влез во државата, времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
