Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, модерна, европска и правна држава, членка на ЕУ
Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и со внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит, стои во честитката на шефицата на државата.

На 8-ми септември 1991-ва година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава, наведува во честитката претседателката Сиљановска-Давкова.
34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската унија.
Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и со внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит, стои во честитката на шефицата на државата.
Не сум се откажала и никогаш нема да се откажам од македонските национални интереси. Мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив дома и надвор, во европските и меѓународни институции, на правен и политички, демократски начин, потсетувајќи се и повикувајќи се на националното и меѓународното право, стои во честитката за Денот на независноста на претседателката Сиљановска-Давкова.
