Честитка за независноста

Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

08.09.2025 11:16

По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на мрежата „Х“.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.

По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на мрежата „Х“.

Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата.