Три активни пожари, еден под контрола
Сè уште гори во Општина Берово, кај село Русиново, кај село Никуштак, општина Липково и во Сопиште.

Во последното деноноќие на територијата на државава имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.
Сè уште гори во Општина Берово, кај село Русиново, кај село Никуштак, општина Липково и во Сопиште.
Пожарот во фабриката во Виница е сè уште активен на две места, но со помал интензитет и нема опасност од проширување.
Тим од „Макпрогрес“ ги посети повредените во болниците во Кочани и во Скопје. Од фабриката велат дека имаат капацитети да ги обноват опожарените погони.
Од менаџментот се децидни дека ќе се потрудат сите вработени да ги задржат своите работни места.
