Вечерва во Струмица почнува Фестивалот „Ристо Шишков“
Во Струмица почнува 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој е посветен исклучиво на актерската игра. Актери од земјава, но и од Италија, Србија и Бугарија ќе играат за наградата за најдобро актерско остварување.

40-тина актери од земјава и странство деновиве во Струмица ќе играат за наградата за најдобро актерско остварување – единствена на ФКТ „Ристо Шишков“. Својата креативност ќе ја покажат во вкупно 12 претстави кои се на репертоарот во наредните пет дена. Ги има од земјава, но и од Италија, Србија и Бугарија.
Фестивалот „Ристо Шишков“ придонесе да се негува камерните претстави – театар на мал простор и во непосредни контакти со публиката, смета Ване Ристов.
Фестивалот во Струмица чини околу два милиони денари. Парите се обезбедени од Министерството за култура и Општина Струмица. Тие се главната причини што на фестивалската програма ќе има и три полноќни претстави.
Ване Трајков
