Експертите за растечкиот неонацизам во Европа

24.08.2014 17:21

Европа е инкубатор и на фашизмот и на неофашизмот и ова е причина повеќе за будно следење на состојбите, но очигледно е дека барем засега старата дама одбра да молчи...

Кога Америка преку борците за човекови права и Стејт депарментот го пали црвено светло за проблемот со неонацизмот во Европа тогаш е јасно, смета новинарот Ивановски, чијшто фах е надворешната политика, дека на стариот континент нешто сериозно се случува. Европа е инкубатор и на фашизмот и на неофашизмот и ова е причина повеќе за будно следење на состојбите, но  очигледно е вели дека барем засега старата дама одбра да молчи.

„Таа во светски рамки е опасна како континетн затоа што од тука тргна фашизмот, кој не е уништен туку почнува да се развива, да зема моќ. Имем политички партии во парламенти во Европа, Брисел упорно молчи иако фашизмот му тропна на врата и му влезе во Европскиот парламент. Како ќе се справува демократска Европа понатаму треба со внимание да следиме, засега работите не одат добро“, вели Христо Ивановски, новинар.

На опасноста од влегувањето на неонацистите во структирите на моќ и одлучување предупредува и конгресменот во анализата на американскиот тв канал.

„Нацизмот се појавува во повеќе европски земји. Економските услови на многу начини се слични на оние во Европа во триесеттите и не смее да дозволиме  Нацистите да добијат моќ било каде, ниту пак да имаат влијание врз владите“, рече Џералд Хадлер, конресмен.

Неспорно е дека нацизмот се враќа во Европа, и тоа во нова и уште пострашна форма вели Ивановски. Во неговата суштина сега не е само антисемитизам. Неонацизмот е насочен кон секој што е поинаков од мене. 

„Проблемот на фашизмот е многу посериозен, против Ромите, против емигрантите, против секој кој не е како „нас““, вели Христо Ивановски, новинар.

Ова кореспондира со анализата на американскиот тв канал, за состојбите во Грција.

„Накусо - секој кој не е Грк, белец христијанин и хетеросексуалец, во Грција е во опасност“,вели Елиса Гарова од Хелсиншки комитет.

Последниот пример за ваквиот тип на реторика беше испратен пред околу двесет дена.

Македонската дипломатија за овој видео материјал реагираше со протесна нота, но засега нема осуда и од владата во Атина и од Брисел.  

Виолета Димовска