Обвинителство
Почна увидот во опожарената фабрика во Виница
08.09.2025 13:00
Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го почна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.
Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот, соопштија од Обвинителството.
Во текот на утрешниот ден на увид на самото место е повикано и вешто лице- електроинженер. Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видеонадзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.
