Полицијата спречи обид за самоубиство

24.08.2014 17:34

Каква ли е таа мака што натерала една млада жена да помисли дека нема излез од животните неприлики? Пред четири дена, овде на мостот Око, полициските интервентни сили спречија обид за самоубиство

36 годишната жена, ја прескокнала оградата и се фрлила во водата, но ја забележале совесни полицајци кои ги повикале колегите на помош и притрчале да ја спасат. Пред да потоне, од водата ја извлекле зашеметената жена, повикале итна помош и ја однеле во болница.

„Вардар тука е длабок некаде околу метар и пеесет, влеговме сите, го опколивме лицето да не влезе во длабокиот дел на Вардар, го извадивме на копно и го спасивме“, рече Гоце Николовски од полициската станица Центар.

Полицијата располага со подготвени тимови за преговарање со самоубици, но во моментот, вели нашиот соговорник, поради итноста на случајот, било неопходно веднаш да се интервенира. Денеска добија признание од ресорната министерка.

„Полицијата освен во оние секојдневни активности по кои нешто повеќе сме препознатливи, а се однесуваат на репресивното спроведувањ ена законите, работи и мотивирано од хуманитарни цели, работи во функција на спасување на човечки животи, во функција на задоволување на потрбеите на граѓаните“, рече министерката за внатрешни, Гордана Јанкуловска.

Јанкулоска изјави дека отако завршила трансформацијата на полициските единици, во Скопје бројот на кривичните дела се намали за 14%. Информира дека  биле откриени повеќе од 6.300 кривични дела и приведени повеќе од 2.000 луѓе.

Анита Димитријевска