ИЗРАЕЛ

Вооружен напад во Источен Ерусалим, најмалку пет загинати

08.09.2025 17:29

Премиерот Нетанјаху соопшти дека се спроведува безбедносна проценка. Хамас ја поздрави акцијата.

Најмалку пет лица загинаа, а 15, се ранети во вооружен напад во Источен Ерусалим. Поголем дел од повредените се во критична состојба. Израелската војска објави дека се неутрализирани двајца терористи.

Премиерот Нетанјаху соопшти дека се спроведува безбедносна проценка. Хамас ја поздрави акцијата.

Шефот на Белата куќа претходно упати последно предупредување до Хамас да се согласи на договор за ослободување на заложниците. Од милитантната група велат дека се подготвени да седнат на преговарчка маса.