Македонија

Седници на две собраниски комисии

09.09.2025 09:19

Пред членовите на двете собраниски комисии се две исти точки - Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор...

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете собраниски комисии се две исти точки - Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор и Предлог на законот за контрола на индустриски емисии, и двата во второ читање.