Собрание

Утре седница на Комисијата за надзор над АНБ

09.09.2025 08:15

Во јавноста има бурни реакции откако беше обелоденето дека актуелниот премиер Мицкоски бил следен од АНБ додека бил во опозиција, а биле прислушувани и новинари.

Собранието за утре ја закажа седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност, а пратениците најавија посета на инсититуцијата.

Во јавноста има бурни реакции откако беше обелоденето дека актуелниот премиер Мицкоски бил следен од АНБ додека бил во опозиција, а биле прислушувани и новинари.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Обвинителството да истражи по чиј налог бил следен Мицкоски, а од опозициската СДСМ повикуваат да се декласифицираат документите за целосно расветлување на случајот.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја почна предистрагата, а нивните истражители веќе ги проверуваат документите на АНБ.

Оттаму најавија дека постапката ќе потрае поради обемноста и доверливоста на материјалот, но јавноста ќе биде известена за заклучоците од наодите.