Нов модел на американска одбрана
Речиси сите земји-членки на НАТО имаат воен буџет под 2 процента од БДП, освен Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство. Америка го намалува воениот буџет и деновиве лансира нов проект на Федерална одбрана или здружување на средствата на сојузниците за ефективна одбрана.
Речиси сите земји-членки на НАТО имаат воен буџет под 2 процента од БДП, освен Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство. Америка го намалува воениот буџет и деновиве лансира нов проект на Федерална одбрана или здружување на средствата на сојузниците за ефективна одбрана.
Намалувањето на воениот буџет на Соединетите Американски Држави и на земјите- членки на НАТО ја зголеми потребата од синхронизирање на капацитетите на сојузниците за ефективна одбрана и за почнување на проектот на Федерална одбрана. Оваа стратегија е намалување на трошоците со здружување на силите и опремата на сојузниците со Соединетите Американски Држави во атмосфера на економски и геостратешки предизвици.
„Ќе влијае на НАТО и на Америка. Ќе биде најдобро да почнеме со воздушната одбрана. Треба да разгледаме колку ова треба да биде и регионално поврзан проект“, потенцира Ричард Армитаџ, поранешен американски заменик-државен секретар.
Федералната одбрана е можна само со сојузници што се разбираат и што имаат доверба едни во други во секојдневното заедничко работење во одбраната.
„Ги комбинираме одбранбените капацитети со партнерите, особено со Франција. Бев амбасадор во Франција и заклучивме дека не е разумно да очекуваме само САД да го носат товарот на НАТО“, Питер Вестмакот- британски амбасадор во САД.
Она што на Самитот на НАТО во Чикаго беше наречено Паметна одбрана, Вашингтон со проектот Федерална одбрана го спроведува во реалност, најпрвин здружувајќи ги поморските сили и подморниците со Велика Британија.
„По Америка, Британија и Франција, проектот Федерална одбрана треба да се прошири и на помалите земји-членки и партнерите на НАТО.“
Ирина Гелевска
