Куче изберено за градоначалник во САД
Новиот градоначалник на Карморант во американската сојузна држава Минесота е 7-годишно куче. Се вика Дјук и ги добил изборите со повеќе гласови од неговите против кандидати.
„Ме следи насекаде. Гласав за него“, изјави Дејвид Рик, сопственик на Дјук.
„Кутриот сопственик на продавницата, не доби ни половина гласови колку Дјук“, рече Трисија Малони, жител на Карморант.
Градоначалникот Дјук официјално ја презеде должноста на 16 август за време на фестивалот во Карморант. По победата имаше 5- часовен третман за разубавување.

„Тој е навикнат да доаѓа во паб на бургери и компирчиња“, вели Трисија Малони, жител на Карморант.
Платата на градоначалникот Дјук е годишно снабдување со храна за кучиња.