Македонија

СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила

09.09.2025 08:33

Повеќе информации се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Сите владини тела и јавни правни субјекти имаат должност најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските ознаки на службените возила со нови, посебни таблички во боја.

Повеќе информации се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на други државни институции.

Во финална фаза е и подготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе овозможи дополнителна контрола и преглед во нивното користење.