Киев и Москва ги продолжија нападите
Меѓународните организации со осуда за нападите на Русија изминатиот викенд, во кои загинаа и беа повредени неколку лица, вклучувајќи и деца...

Украинските вооружени сили извршија напад со крстосувачка ракета „Сторм Шедоу“ од воздух во близина на училиште во Донецк, соопшти канцеларијата на самопрогласената Донецка Народна Република. Москва се закани со одмазда. Меѓународните организации со осуда за нападите на Русија изминатиот викенд, во кои загинаа и беа повредени неколку лица, вклучувајќи и деца.
„Нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура го кршат меѓународното хуманитарно право. Тие се неприфатливи и мора веднаш да престанат. Генералниот секретар го повторува својот повик за целосен, итен и безусловен прекин на огнот како прв чекор кон праведен, сеопфатен и одржлив мир во Украина што целосно ќе го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет во согласност со Повелбата на ООН, меѓународното право и релевантните резолуции на Обединетите нации“, изјави Стефан Дујарик, портпарол ООН.
Нападот во неделата врз Киев и други региони со повеќе од 800 беспилотни летала и ракети се случи во време кога мировните напори предводени од САД се во ќорсокак.
