ЕУ бара крај на војната на Блискиот Исток
Израел им порача на жителите на Газа да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади и копнените операции...

Парламентот на Европската Унија ја почна пленарната сесија по летната пауза. Европа мора да направи повеќе за да донесе мир и да ја заврши војната меѓу Израел и Палестина, став на претседателката на европарламентот Мацола.
„Не можеме да дозволиме нормализација на ужасот што го гледаме. Ситуацијата е неодржлива и неприфатлива. Многумина сè уште се држат во заробеништво. Премногу бомби се фрлени. Премногу деца сега ја познаваат војната и гладта. Мора да има политичко решение што ќе стави крај на насилството и теророт и ќе ги врати заложниците. Ни треба прекин на огнот и вистинска перспектива кон решение со две држави“, изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.
Израел им порача на жителите на Газа да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади и копнените операции. Израелскиот министер за одбрана се закани со моќен ураган доколку Хамас не ги ослободи последните заложници што ги држи и не се предаде.
