Франција

Падна Владата во Франција, земјата во политичка неизвесност

09.09.2025 11:10

Премиерот Бајру сам побара гласање со надеж дека пратениците ќе го поддржат во ставот дека Франција мора да ги намали јавните трошоци за да ги поправи долговите...

Француската крајно левичарска партија бара оставка од Макрон откако Владата не успеа да го преживее гласањето на доверба. Премиерот Бајру сам побара гласање со надеж дека пратениците ќе го поддржат во ставот дека Франција мора да ги намали јавните трошоци за да ги поправи долговите.

„Бајру сакаше момент на вистина и верувам дека го доби. Но, она што го покажува резултатот, дури и надвор од владата на Бајру, е измамата на народот на Макрон што излегува на виделина. Сфатете дека само една третина од парламентот му ја даде довербата на премиерот. Ова значи дека политиката на Макрон во служба на богатите и на социјалната војна против народот, доби две третини од неповолните гласови во парламентот“, изјави Матилд Пано, пратеничка и претседателка на крајно левичарската група „Непокорена Франција“.

Резултатот од гласањето означи нова криза за втората по големина економија во Европа. Претседателот Макрон сега треба да назначи четврти премиер за 12 месеци.