Брисел со осуда за случувањата во Белград
Илјадници демонстранти предводени од студентите вчера одново протестираа во центарот на Белград, обвинувајќи ја полицијата за бруталност за време на неодамнешните антивладини демонстрации...

Во услови на тековните протести во Србија, комесарката на ЕУ за проширување, Кос, со критики до Владата на претседателот Вучиќ за справувањето со ситуацијата.
„Имаме проблем во Белград. Луѓето имаат право да протестираат. Жестокото насилство на улиците на Србија, многуте акти на вандализам мора да престанат. Очекуваме полицијата да дејствува соодветно и да ги почитува основните права. Исто така, изјавите на претседателот Вучиќ и претседателката на Парламентот Брнабиќ против ЕУ нема да го подобрат имиџот на Србија во Европа“, изјави Марта Кос, европска комесарка за проширување.
Илјадници демонстранти предводени од студентите вчера одново протестираа во центарот на Белград, обвинувајќи ја полицијата за бруталност за време на неодамнешните антивладини демонстрации. Протестите започнаа во ноември кога се урна бетонска настрешница на железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.
