Филипче во работна посета на Франција
Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска е во еднодневна работна посета на Франција, информираат од партијата.
Во рамки на посетата, Филипче ќе одржи средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција - Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги.
Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани.
За време на работната посета во Париз, Филипче ќе има состанок со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј, и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
Воедно, Филипче ќе има средба и со Бенжамин Куто, истражувач при Институтот „Жак Делор“.
Во фокусот на средбите ќе биде спроведувањето на реформската агенда и моменталниот статус на евроинтеграцискиот процес на Македонија, стои во соопштението на СДСМ.
