Грција

Силен земјотрес на грчкиот остров Евија

09.09.2025 08:55

Земјотресот се случил 27 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во југозападниот брег на островот Евија во Грција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил 27 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри.

Земјотресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од 10 километри.

Потресот, пропратен со силен звук, бил почувствуван во целата област Атика, поширокиот регион на Атина.

Според пишувањата на грчките медиуми, засега не се пријавени повредени и материјални штети.