Груевски и Спасов ги посетија дечињата кои заминаа на бесплатен одмор
Посетата на струшкиот регион премиерот Груевски придружуван од министерот за труд и социјална политика Спасов ја искористи и за средба со децата од семејства што се во социјален ризик, а се рекреираат во одморалиштето ,,25-ти Мај“.

Премиерот Никола Груевски беше меѓу жителите на Струга. Прошетка по чаршијата и разговор со мештаните како се живее во градот. Стружани имаа можност лично да ги пренесат размислувањата за одредени прашања од локален карактер.
Посетата на струшкиот регион премиерот Груевски придружуван од министерот за труд и социјална политика Спасов ја искористи и за средба со децата од семејства што се во социјален ризик, а се рекреираат во одморалиштето ,,25-ти Мај“. Ова лето тука престојуваат и деца чии родители примаат социјална помош, посебен додаток и деца без родители и родителска грижа. Проектот се реализира втора година по ред.
„Досега вкупно 7850 дечиња ја искористиле оваа бесплатна услуга и толку семејства имале на некој начин полза од овој бесплатен проект кој е наменет за дечињата од семејствата со социјален ризик, како и за децата без родители и родителска грижа. Денес практично ја испраќаме претпоследната група на деца, околу 200 дечиња, и доаѓа последнта група од околу 100 дечиња“, рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Ресорниот министер најави дека со реализацијата на проектот ќе се продолжи и во зимскиот период, но и наредното лето.
