Македонија

Продолжува судскиот процес за случајот со Веапоска

09.09.2025 09:49

На минатото рочиште одржано во април, судот го одби барањето на одбраната за ново супервештачење со образложение дека она кое е веќе изработено е согласно законот. Денес е предвидено сослушување на супервештаците.

Продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без три органи- бубрег, јајник и матка.

На минатото рочиште одржано во април, судот го одби барањето на одбраната за ново супервештачење со образложение дека она кое е веќе изработено е согласно законот. Денес е предвидено сослушување на супервештаците.

Случајот со Јилдаз Веапоска, во кој тројца лекари се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, веќе трета години е во судница. Судскиот процес тече со бројни одлагања, враќања на почеток, менување на судии и обвинители.

Случајот застарува идната година.