МВР
Приведен охриѓанец, предизвикал пожар на глисер на неговиот брат
09.09.2025 09:58
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид...

Вчера во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул. „Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, стои во соопштението.
