6 нови случаи на жолтица евидентирани во Скопје

24.08.2014 18:10

На ниво на општини, најкритично е во Шуто Оризари. Во Штип бројката заболени достигна 30. Министерот Тодоров вели дека состојбата редовно се следи и се информира за состојбата со жолтицата...

6 нови случаи на жолтица евидентирани во Скопје, со што бројот на заболени во главниот град достигна 72 лица. Според ресорното министерство најголемиот број од заразените односно 27-мина се деца на возраст од 3 до 14 години. На ниво на општини, најкритично е во Шуто Оризари. Во Штип бројката заболени достигна 30. Министерот Тодоров вели дека состојбата редовно се следи и се информира за состојбата со жолтицата. 

На денешната прес конференција тој информираше и за централизираната набавка на лекови за јавните здравствени установи. Истакна дека со паралелениот увоз на лекови заштедени се речиси 6 милиони евра. Најголемите заштеди се постигнати кај лековите за леукемија и карцином. Тодоров најави продолжување на ваквата пракса.

„Подготвуваме огромна набавка на околу 700 лекови, значи овде стануваше збор за 77 лекови, најфрекфентни и најскапи, а овде станува збор за сите останати, вкупно некаде околу 700 лекови, за кои очекуваме да биде распишан тендер ан почетокто на септември“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Со централизираната набавка на лекови досега се опфатени 74 здравствени установи.

Марија Котовска