Економија

Стопанска комора: Поддршката на „Макпрогрес“ е поддршка на македонската економија

09.09.2025 14:00

Од Комората посочуваат дека оваа иницијатива е во насока на поддршка на компанијата по пожарот кој сериозно уништи дел од нејзиниот имот, опрема и капитал.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во петок ќе одржи состанок со ланците маркети за дефинирање заедничка кампања преку малопродажбата со цел зголемена продажба на производите на „Макпрогрес“ од Виница.

Од Комората посочуваат дека оваа иницијатива е во насока на поддршка на компанијата по пожарот кој сериозно уништи дел од нејзиниот имот, опрема и капитал. „Макпрогрес“ е еден од значајните македонски извозници, а зголемената домашна потрошувачка може да обезбеди стабилност и зачувување на сите работни места во фабриката.

Првиот човек на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, на состанокот ќе ги претстави концептот за идното работење на компанијата и следните чекори по настанатата штета.