Бирократски процедури во ЕУ ќе го забават транспортот
На само месец дена од воведување на системот за електронско следење за влез и излез од ЕУ, нема никакви најави за изземање или олеснувања за одредени категории како што е транспортната дејност. Од Асоцијацијата на системот гледаат како обид за намалување на превозот во Европската унија преку нестандардни мерки, што многу негативно ќе се одрази на транспортната дејност од земјава, вели генералната секретарка на Асоцијацијата „Макам-транс“, Муратовска...

На само месец дена од воведување на системот за електронско следење за влез и излез од ЕУ, нема никакви најави за изземање или олеснувања за одредени категории како што е транспортната дејност.
Од Асоцијацијата на системот гледаат како обид за намалување на превозот во Европската унија преку нестандардни мерки, што многу негативно ќе се одрази на транспортната дејност од земјава, вели за МТВ генералната секретарка на Асоцијацијата „Макам-транс“, Муратовска. За проблемот ги известиле и владите и сите меѓународни институции како и Европската комисија.
Муратовска додава дека возачите вршат дејност не престојуваат во овие земји и тоа сега ќе значи обезбедување на минимум тројца возачи за две возила што финансиски ќе го слабее целокупното стопанство ако се има предвид дека земјава е увозно ориентирана. Директорот на Бирото за јавна безбедност уверува дека имаат интензивна комуникација со европски партнери како да биде олеснето евидентирањето на влезови и излези од Унијата.
ЕЕС се воведува како дигитална алатка што ќе го замени постоечкото рачно печатирање на пасошите. Од унијата тврдат дека нема да воведе нови визи, ниту да наметне дополнителни бирократски процедури за државјаните на земји кои веќе се ослободени од визни обврски. Промените се однесуваат само на начинот на евиденција при гранична контрола.
Фиљана Кока
