Метеж пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, студентите аплицираат за сместување
Стотици студенти од различни градови од земјава со часови чекаат да бидат сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Некои се сместуваат првпат, а некои веќе престојувале, задоволни од условите...

Стотици студенти од различни градови од земјава со часови чекаат да бидат сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Велат, доколку се поднесуваат документите електронски, ќе нема чекање и долги редици. Некои се сместуваат првпат, а некои веќе престојувале, задоволни од условите. Плаќаат околу 3.500 денари, а преостанатата половина од трошоците за сместување ги субвенционира државата.
Иницијатива за дигитализација на процедурата при сместување стигнала од група студенти од Финки до директорот на Студентските домови – Скопје, Александар Каровски, на што е согласен, но вели потребно е време. Додава дека ако студентите се распоредат во сите 10 дена предвидени за сместување, ќе се избегнат гужвите. Но, сите сакаат да се сместат првиот ден. Вратите на студентскиот дом ќе бидат отворени додека не се смести и последниот студент кој чека, бидејќи доаѓаат од други градови.
Капацитетот на СД „Гоце Делчев“ е над 1.200 легла, на Кузман и на Стив Наумов 1.500.
Сè уште трае реновирањето на Стив и Кузман и би требало во вториот семестар да бидат вселиви според најавите на МОН.
Александра Велинова
