ЦУК: Сѐ уште активни пожарите кај селата Никуштак, Лабуништа, Татеш и Грешница
Како што стои во соопштението на ЦУК, активни се пожарите во општина Липково кај селото Никуштак каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, во општина Струга кај селата Лабуништа и Татеш каде што гори ниска вегетација...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два под контрола и четири се изгаснати.
Како што стои во соопштението на ЦУК, активни се пожарите во општина Липково кај селото Никуштак каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, во општина Струга кај селата Лабуништа и Татеш каде што гори ниска вегетација и во општина Кичево кај селото Грешница каде што, исто така, гори ниска вегетација.
Под контрола, додаваат, се пожарите во општина Берово кај селото Русиново каде што гори дабова и букова шума и папрат и во општина Гази Баба кај Вардариште каде што гори ѓубриште.
