Здравство

Извештајот на интерната комисија ќе биде јавно достапен, колку досиеја досега се разгледани нема одговор

09.09.2025 17:23

Во петок имаа состанок, но дали и колку досиеја разгледа интерната комисија, во Министерството за здравство официјално не одговараат...

Дваесетина дена поминаа, но ниту една претставка од пациент со сомнеж дека без потребно му е направена кардиолошка или кардиохируршка интервенција. 8-те сомнителни случаи на здравствените власти им ги посочи државната кардиохирургија.

Во петок имаа состанок но дали и колку досиеја разгледаа интерната комисија во министерството за здравство официјално не одговараат. Она што оттаму го потврдуваат нивниот извештај јавно ќе биде достапен.

По што контрола ќе прави и лекарската комора и комисијата од странските експерти. Вистината мора да се дознае за да се врати довербата кај граѓаните, кај пациентите, за многу афери досега се формираа комисии по што случаите се заборавија, вели долгогодишната новинарка во секторот здравство, Менче Атанасова-Точи.

Фокус на интерната комисија ќе бидат интервенциите направени во изминативе три години, прашањето на Атанасова-Точи е зошто претходно не се пријавиле сомнежите.

Медицински досиеја и ангиографски филмови кај пациенти доставени од државната кардиохирургија засега се единствениот патоказ кон вистината.

Наташа Јанчиќ-Менковски