Македонија
Пожар избувна на централната градска депонија „Дрисла“
09.09.2025 17:33
Неговото гаснење е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови...

Пожар попладнево изби во депонијата „Дрисла“, објави директорот на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Според него, пожарот не е алармантен, но неговото гаснење е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
