Денеска седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ
Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање денеска ќе одржи седница. Со неа, според најавите треба да претседава претседателот на комисијата Скендер Реџепи. Власта и опозицијата во клинч околу наводите за незаконско следење од АНБ...

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање денеска ќе одржи седница. Со неа, според најавите треба да претседава претседателот на комисијата Скендер Реџепи. Власта и опозицијата во клинч околу наводите за незаконско следење од АНБ.
Опозициската СДСМ инсистира на итна декласификација на сите документи поврзани со случајот, тврдејќи дека премиерот Мицкоски се плаши од содржината на материјалите. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ го смета барањето на СДСМ за блеф со кој се обидуваат да ги заштитат организаторите на прислушувањето.
Јавното обвинителство објави дека тим обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција биле во Агенцијата за национална безбедност.
