Ново рочиште за случајот „Онкологија“
На минатото рочиште обвинителството тврдеше дека обвинетите давале терапии со недозволени дозирања на тешко болни од канцер, кои не само што не им помогнале, туку им ја влошувале состојбата...

Во Основниот кривичен суд денеска продолжува судскиот процес против четворица онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката Нино Васев, обвинети за несовесно лекување пациенти. На минатото рочиште обвинителството тврдеше дека обвинетите давале терапии со недозволени дозирања на тешко болни од канцер, кои не само што не им помогнале, туку им ја влошувале состојбата. Одбраната со став дека бил скроен заговор против ексдиректорот. Двајца од лекарите рекоа дека не се чувствуваат виновни, затоа што сакале да им помогнат на пациентите.
Единствено второобвинетата Мери Пешевска призна вина, која прстот го впери токму во Васев. На Васев и на поранешниот економски директор Нухи ќе им се суди во друга постапка за злоупотреба на службената положба и за проневера во службата. Обвинителството штетата врз буџетот ја процени на 2,2 милијарди денари.
