Масовен руски напад врз Украина, Полска собори неколку дронови кои го нарушија нејзиниот воздушен простор
Во истовреме експлозии одекнуваат во централна и западна Украина. Зеленски го обвини светот за слаба реакција и повика на зголемен притисок врз Путин...

Полска собори неколку дронови кои го нарушија нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта за време на масовен руски напад врз Украина. Привремено затворен и главниот аеродром „Шопен“ во Варшава.
Во истовреме експлозии одекнуваат во централна и западна Украина. Зеленски го обвини светот за слаба реакција и повика на зголемен притисок врз Путин, по смртоносните руски напади во селото Јарово во Доњецк во кој загинаа над 20 луѓе кои чекаа ред за пензија.
„Русите точно знаеја каде удираат и точно видоа дека удираат цивили. Без нови санкции, нема да има напредок во дипломатијата и во сите напори за завршување на војната. Одложените ефекти врз економијата не функционираат – Русите постојано го докажуваат ова со нови напади“, нагласи Зеленски.
Германија веќе испорача дел од ветените „Патриот“ системи за Украина. Полскиот претседател Навроцки предупреди дека Путин е подготвен за нови инвазии.
