Насилни протести во Непал
Протестите синоќа ескалираа со упаѓање во владините згради, палења и напади врз политичари...

Вооружени војници патролираат низ Катманду со наредба до граѓаните да останат дома во обид да воспостават ред на улиците по насилните протести кои почнаа по кратката забрана за социјалните мрежи во земјата, а продолжија поради гневот за убиствата на 19 демонстранти.
„Земјата веројатно ќе тргне во нова насока. Досега политичките партии имаа влијание, но се надевам дека научија голема лекција од сето ова и дека земјата и граѓаните се над сè“, вели Сандеш Патак, жител на Катманду.
„Палењето и уништувањето на јавниот имот е погрешно. Но, се согласуваме дека промената беше навистина потребна“, рече Катар Бахадур Сингх, поранешен полицаец.
Протестите синоќа ескалираа со упаѓање во владините згради, палења и напади врз политичари, по што премиерот Оли си поднесе оставка.
